Се поблиску сме до моментот кога Јувентус ќе ги промовира двете големи засилувања во овој преоден рок.
Трансферите на Анхел Ди Марија и Пол Погба изгледаат како завршена рбота, а во Торино ќе добиваат плата помеѓу седум и осум милиони евра со дополнителни бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми најавуваат дека петок и сабота ќе бидат денови резервирани за овие две големи засилувања.
Ди Марија се очекува да пристигне во петок, додека саботата е резервирана за повратникот во црно-белиот дрес Пол Погба. Двајцата во Јувентус пристигнуваат како слободни играчи откако им завршија договорите со ПСЖ и Манчестер Јунајтед.