Дома Фудбал Англија „Петлите“ добија совет од легендата на големиот ривал: Започнете да трошите на вистински начин!

„Петлите“ добија совет од легендата на големиот ривал: Започнете да трошите на вистински начин!

Љубителите на англискиот фудбал веќе некое време се сведоци на голем напредок на тимот на Тотенхем кој веќе со години се наоѓа во врвот на Премиер лигата. Меѓутоа она што недостасува се трофеите.

Спарсите се конкурентни на најсилните клубови во лигата, од некои се и подобри, често пати ги пбедуваат во дерби натпреварите, но се добива впечаток дека нешто секогаш им недостасува.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Зборувајќи за Тотенхем, легендарниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт го даде своето мислење и еден добар совет за Покетино, Даниел Леви и сите во таборот на „петлите“.

„Тотенхем забележува напредок и станува се посериозен клуб, но мора да започне да троши. Со вистински засилувања Спарсите може да бидат кандидати за титулата. Но, не е се во парите. Најдобар пример за тоа е Евертон. Минатото лето потрошија огромна сума на пари, а не направија ништо. Мораат добро да ги изберат потенцијалните засилувања“, изјави Рајт.

Тотенхем во овој момент се наоѓа на четвртата позиција на Премиер лигата со 19 бодови помалку од Манчестер Сити и наредната сезона сигурно ќе настапува во Лигата на шампионите и тоа на новиот стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И Романо потврди, Бразилецот го напушта Реал, причината е – Карло Анчелоти

Денеска пристигна нова потврда и тоа од Фабрицио Романо – Ендрик го напушта Реал Мад…