Дома Македонски спорт Мак фудбал Петиција за спас на ФК Вардар: Информирајте ја јавноста што се случува во клубот!

Петиција за спас на ФК Вардар: Информирајте ја јавноста што се случува во клубот!

Тимот на Вардар е во тешка ситуација и тоа добро е познато, македонскиот спортски бренд ако работите не се променат за брзо време може да го доживее и најцрното сценарио.

Никој не сака да помислува на такво нешто, а навивачите веќе започнаа петиција за спас на клубот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


До

Град Скопје

Раководство на Фудбалски клуб Вардар

Ние, навивачите на ФК Вардар,

Револтирани од кризата во која западна најтрофејниот македонски фудбалски клуб,

Вознемирени од блокадата на сметките на клубот,

Бесни поради неспособноста на сегашното раководство и незаинтересираноста на властите да се изнајде одржливо решение за гордоста на нашиот град и Македонија,

Загрижени од можноста ФК Вардар да згасне,

Со надеж дека ќе го поттикнеме Градското собрание повторно да го земе клубот под своја закрила,

Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме:

1.   Сегашното раководство да ја информира јавноста за тоа што се случува во ФК Вардар и да достави целосен извештај за состојбата во која се наоѓа клубот до Градот Скопје,

2.   Господинот Сергеј Самсоненко да ги исплати долговите што клубот ги должи и да го врати ФК Вардар во сопственост на Град Скопје со чиста сметка,

3.   Во случај г-дин Самсоненко да не ги подмири долговите, Градот Скопје да го преземе клубот и да изнајде начин за подмирување на долговите со цел стабилизирање на ФК Вардар.


АЈДЕ ДА СИ ГО СПАСИМЕ КЛУБОТ!

СПАС ЗА ФК ВАРДАР МОРА ДА ИМА!

Петицијата можете да ја потпишете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…