Дома Фудбал Репрезентации Перу обезбеди бараж, Колумбија и Чиле останаа без пласман во Катар

Перу обезбеди бараж, Колумбија и Чиле останаа без пласман во Катар

Завршија јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар, од претходно беа познати четири репрезентации кои директно се пласираа, а утрово и Перу го обезбеди 5-тото место кое обезбедува бараж.

Перу со 2:0 славеше против Парагвај, победата ја обезбедија Џанлука Лападула и Јошимар Јотун. Со овој триумф Перуанците го обезбедија петтото место и дополнителниот бараж место во Катар. Во баражот ќе играат против подобриот од натпреварот помеѓу ОАЕ и Австралија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Чиле дома запиша пораз од Уругвај со 0:2 и уште еднаш потврди дека се далеку од славните денови, а победата на Колумбија од 1:0 против Венецуела немаше големо значење. Двете големи јужноамерикански селекции останаа без шанси да стигнат и до плеј-офот.

Во останатите натпревари Бразил победи со 4:0 во натпреварот против Боливија, додека Еквадор и Аргентина одиграа 1:1. Бразил и Аргентина своето учество на Мундијалот го имаа обезбедено од претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…