Шпанскиот репрезентативец Иско преку ноќ се најде во немолост на тренерот на Реал Мадрид Солари, па се погласни се шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Откако Солари седна на кормилото на „кралскиот“ клуб ситуацијата за Иско комплетно се промени. Капката која ја прели чашата се случи на мечот против Рома во ЛШ, кога плејмејкерот беше испратен на трибини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солари порача дека Иско има вишок килограми и дека не е спремен за игра, па во медиумите веднаш почнаа шпекулации за негов трансфер уште во јануари.
Наводно на адреса на Реал Мадрид веќе пристигнале четири понуди и тоа од Манчестер Сити, Јувентус, Челзи и Арсенал, но е е познато за какви суми станува збор.
Сепак, „Марка“ открива дека Реал нема намера лесно да се откаже од својот фудбалер и на заинтересираните клубови им прачал доколку го саката Иско да ја платат откупната клаузула, а таа изнесува неверојатни 700 милиони евра.