Дома Фудбал Перез потврди дека Роналдо е лут, а еве што кажа за Мбапе!

Перез потврди дека Роналдо е лут, а еве што кажа за Мбапе!

Претседателот на Реал Мадрид,  Флорентино Перез, изјави дека најдобриот фудбалер на таа екипа, Кристијано Роналдо е лут, но додаде дека и покрај тоа очекува тој да остане во клубот.

Роналдо следниот месец ќе се појави на сослушувањето во врска со затајувањето на данок. Тој ги негираше обвиненијата, но и размислуваше да ја напушти Шпанија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Договорот на Роналдо истекува во 2021 година, а медиумите шпекулираа дека би можел да се врати во Манчестер Јунајтед.

„Тој има договор со Реал Мадрид, а кога ќе заврши Купот на конфедерации ќе разговараме. Тој е лут бидејќи е чесна личност која ги исполнува своите обврски. Не сум разговарал со него, но сите сме воодушевени што е во клубот. Мислам дека ќе остане во Реал. Сите мораме да ги исполнуваме своите обврски. Клубот не е е одговорен за изјавите на фудбалерите, а Кристиано не мора да негира нешто што никогаш не го кажал“, изјави Перез за шпанските медиуми.

Шпанското обвинителство го обвинува Роналдо дека затаил 14.7 милиони евра бидејќи не ги пријавил приходите од продажбата на правата на своите фотографии.

Потоа Перез беше запрашан за можноста Килијан Мбапе да премине во Реал Мадрид, а еве што кажа Перез.

„Тој е одличен играч, но оваа ситуација ме потсетуваа на онаа од минатата година кога сите зборуваа дека ќе го доведеме Пол Погба. Летото е долго, а Зидан е близок со Мбапе веќе неколку години. Меѓутоа малку фудбалери на 18 години добиле шанса да играат за Реал. Тој мора да биде трпелив“, откри Перез.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прво го избрка од Јунајтед, а сега од Леверкузен: Тен Хаг повторно има „шут-карта“ за ист играч

Ерик тен Хаг не чекаше долго за да ги преземе првите радикални потези како нов тренер на Б…