Лука Модриќ доминираше во финалето на шпанскиот Суперкуп во кој неговиот Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со 2:0.
Модриќ повторно играше на високо ниво, го постигна првиот гол на натпреварот и заслужено доби пофалби од шпанските медиуми, но и претседателот на клубот Флорентино Перез. Перез го прокоментира новиот трофеј на Реал Мадрид, а посебно ги истакна Модриќ и Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не би сакал да се фалам, но двајцата се најдобри во светот на своите позиции. Го имаме најдобриот голман, а Модриќ игра со формата со која ја освои Златната топка“, изјави Перез.
Перез своите зборови наскоро би требало да ги потврди со официјализирањето на новиот договор со Модриќ. Актуелниот договор на Хрватот му истекува на крајот од сезоната и би требало да потпиша нов на уште една година.