Дома Топ вести Перез кон Де Геа: Ако не потпишеш ова лето се насочувам кон Куртоа

Перез кон Де Геа: Ако не потпишеш ова лето се насочувам кон Куртоа

Темата за интересот на Реал Мадрид кон голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа повторно е актуелна во шпанските медиуми.

Според „Диарио Гол“, претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез имал разговор со шпанскиот голман и го предупредил дека ако не потпише за Реал следното лето, клубот ќе се преориентира кон голманот на Челзи, Тибо Куртоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпекулациите за евентуален трансфер на Куртоа во Реал се засилија последните недели, откако Белгиецот ги стопираше преговорите со Челзи за нов договор.

Пред неколку дена дури и менаџерот Антонио Конте го повика раководството побрзо да го реши проблемот со договорот на Куртоа кој истекува на крајот на следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…