Дома Топ вести Перез има ЈАСЕН план и Покетино ова тешко ќе го одбие – ДВАЈЦА фудбалери во замена за Кејн?!

Перез има ЈАСЕН план и Покетино ова тешко ќе го одбие – ДВАЈЦА фудбалери во замена за Кејн?!

Флорентино Перез има јасен план и Покетино оваа понуда тешко би можел да ја одбие.

Реал Мадрид и Тотенхем повторно би можеле да соработуваат како и во 2012 година кога пристигна Лука Модриќ, а една година подоцна и Герет Бејл.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат шпанските медиуми управата на Реал Мадрид е сериозно заинтересирана за Хари Кејн и сака да го доведе како фудбалер кој ќе биде новата „деветка“.

Флорентино Перез добро знае дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, е комплициран и тежок за преговори, па затоа прво праша за цената на Хари Кејн.

Од Лондон наводно добиле одговор дека цената е 200 милиони евра и ниту цент помалку, а потоа следела понуда за размена која многу би можела да го израдува Маурисио Покетино.

Наводно, Реал е спремен да заштеди и е спремен да ги понуди Герет Бејл и Борха Мајорал кој е голема желба на Покетино.

Покетино во изминатите два преодни рока се обидуваше да го доведе Мајорал, но до не успеаа да се договорат, а сега би можеле со размената за Кејн да го добијат назад и Герет Бејл кого навивачите го паметат како еден од најдобрите играчи во историјата на клубот.

Од друга страна пак во Реал полека го губат трпението и довербата во Бејл, тимот може да функционира и без него, а во прв план од наредната сезона кај „кралевите“ би можеле да се истакнат Марко Асенсио, секако Роналдо и доколку пристигне, Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…