Дома Топ вести Перез единствен кандидат на изборите: Останува претседател на Реал до 2025

Перез единствен кандидат на изборите: Останува претседател на Реал до 2025

Иако постоеа некои најави дека младиот шпански бизнисмен Енрике Рикелме ќе се обиде да влезе во трката за претседател на Реал Мадрид сепак тоа не се случи.

Рикелме дури и даваше изјави во медиумите со кои уверуваше дека ќе се кандидира за прв човек на Реал. Сепак, до 2025 во Мадрид нема да има промени, Флорентино Перез остана единствен кандидат на изборите па тој ќе ја извршува функцијата и во наредните четири години.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Претходно Перез најави дека и покрај кризата која ја предизвика пандемијата со коронавирусот ќе се обиде да доведе некого од Мбапе и Халанд.

Зошто младиот Енрике Рикелме се откажа од намерата да биде противкандидат на Перез засега не е познато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…