Роберт Левандовски ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи и тоа е сигурно, а она што го направи на денешен ден во 2015 година засекогаш ќе остане запишано во историјата на фудбалот.
Тогаш Левандовски против Волфсбург постигна пет гола за само девет минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Волфсбург на полувремето водеше со 0:1, а Левандовски влезе во второто полувреме на местото на Тијаго. Гвардиола кој тогаш го водеше Баерн тргна по пресврт, но сигурно не очекуваше така моќно издание на полскиот голгетер. Левандовски во период од 51. до 60 минута пет пати се запиша во листата на стрелци.
Лева прво за три минути и 21 секунда постигна хет-трик и тоа е најбрзиот хет-трик во историјата на Бундеслигата, а петтиот гол го постигна со фантастичен волеј удар за точно 8:59 минути од првиот гол.
Каков ден, каков натпревар! Самото држење за глава на Пеп најдобро опишува што направи тој ден Лева.