Шпанскиот ветеран Пепе Реина (37) одново ќе го промени клубот.
Како што денес објавија италијанските медиуми поранешниот репрезентативец на „Фуријата“ има договор со Лацио и утре треба да пристигне на лекарски прегледи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реина вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Астон Вила и така значајно придонесе славниот клуб да го сочува статусот на премиерлигаш. Неговото враќање во Милано ќе биде само привремено бидејќи седумкратниот шампион на Европа нема ништо против да го пушти.
Милан се согласи да го раскине договорот со искусниот голман, кој ќе потпише двегодишен договор со Лацио.