Дома Македонски спорт Пенал драма со среќен крај за нас: Кадетите се во финалето на ЕХФ шампионатот!

Пенал драма со среќен крај за нас: Кадетите се во финалето на ЕХФ шампионатот!

Кадетската репрезентација на Македонија избори пласман во финалето на ЕХФ шампионатот откако денес со изведување пенали ја победија Швајцарија со 33:34.

Момците на Кирил Лазаров можеа да го решат натпреварот во регуларниот дел, но испуштија неколку шанси.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


До некаде половина од првото полувреме Швајцарија го диктираше темпото, но тогаш нашите млади момци направија серија од 5:0 и и поведоа со 7:10 на десет минути до крајот на првиот дел. На полувреме заминавме со предност од 13:15.

Откако стигнуваа на еден гол разлика Швајцарија успеа да дојде до изедначување во 50. (минута), на пет минути до крајот имаа и водство од еден разлика. Сепак, ние го вративме водството со два гола. Швајцарците изедначија на минута до крајот. Ние имавме напад за победа но не го реализиравме (28:28).

Во пенал серијата не беа доволни пет, па имаше нова серија во која Македонија беше подобра, во финалето ќе играме со Полска.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…