Дома Фудбал Лига на шампиони Пеналот кој го подели светот – мафија, кражба или ништо спорно?

Пеналот кој го подели светот – мафија, кражба или ништо спорно?

Контровернзиот пенал кој беше досуден синоќа за Реал Мадрид против Јувентус го подели фудбалскиот свет и денес е главна тема во сите медиуми.

Италијанците тврдат дека е направена неправда и го обвинуваат судијата, Каталонците тврдат дека е направена „кражба на векот“, а за мадридските медиуми нема ништо спорно „беше пенал“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите италијанските медиуми пеналот го доживеаа како кражба, Буфон го обвини судијата Оливер дека е „ѓубре од човек“, а претседателот на „старата дама“ го обвини Колина, кој е претседател на Судиската организација.

Каталонските медиуми не пропуштија шанса да потенцираат дека Реал секогаш е потпомогнат од судиите, па каталонски „Спорт“ целата ситуација ја нарече „кражба на столетието“.

Фудбалскиот свет бурно реагираше на тоа што се случи во последните минути на „Сантиаго Бернабеу“.
Гари Линекер го обвини судијата Оливер дека со црвениот картон за Буфон едноставно го „убил Бамби“, додека легендарниот голман Чилаверт беше жесток и го нарече Реал фудбалска мафија.

За мадридските медиуми нема ништо спорно. „Марка“ денес излезе со насловна страна на која со големи букви пишува „Беше пенал“.

Главните актери, Лукас Васкез и Кристиано Роналдо исто така немаат дилеми и тврдат дека пеналот бил чист како солза.

Миралем Пјаниќ тврди дека станува збор за најголема срамота во фудбалот, Киелини алудираше дека судијата бил платеник.

Мислењата секако се поделени, полемиките ќе траат уште долго, но на крај Реал е во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…