Многу контроверзии предизвика пеналот кој вчера беше досуден за Јувентус против Џенова.
Откако Кристиано Роналдо падна во казнетиот простор судијата покажа на белата точка, а Португалецот погоди за победа и враќање на Јувентус на првата позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот следуваа многу коментари поврзани за пеналот, а посебно внимание привлече коментатор на братот на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње.
„Каде е ВАР!? Ова е уништување на италијанскиот фудбал“, прокоментира Марко Инсиње, потоа се огласи и фудбалерот на Џенова Доменико Кришито кој не играше поради повреда.
„Ова е одвратно“, напиша Кришито, а потоа таа објава ја избриша.
Жесток беше и напаѓачот Фернандо Љоренте.
„Вистинскиот шампион секогаш ја зборува вистината и секогаш е чесен“, порача Шпанецот.
Este nuevo y ridículo piscinazo de Serresiete que tiene indignada a toda Italia no lo veréis en ningún telediario…pero no preocuparos que ya estoy yo para enseñároslo…? pic.twitter.com/Z0OXaJ8GdV
— Cristóbal Soria (@cristobalsoria) October 31, 2019