Дома Фудбал Останато Пеле му честиташе на Меси: За жал, ова е реткост во фудбалот!

Пеле му честиташе на Меси: За жал, ова е реткост во фудбалот!

Синоќа Лионел Меси постигна гол со кој испиша историја и се израмни со легендарниот Пеле во постигнати голови за еден клуб.

Тоа за Меси беше 643-от гол во дресот на Барселона, исто колку што има постигнато Пеле за Сантос.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меси го даде првиот гол за Барселона во 2005 година, додека на Пеле за ваков учинок му требаа 19 сезони, од 1956 до 1974.

„Кога твоето срце е полно со љубов, тешко е да се промени патот. Баш како и ти, знам како е да се носи истио дрес секој ден. Како и ти, знам дека ниту едно место не е толку добро како тоа во кое се чувствуваш како дома. Ти честитам на рекордот, Лионел. Ти честитам на прекрасната кариера во Барселона. Приказни како нашите, за жал, се реткост во фудбалот“, напиша Пеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…