Легендата на светскиот фудбал, Пеле ја поздрави младата ѕвезда на Франција Килијан Мбапе за двата гола на мечот против Аргентина во осминафиналето на Мундијалот.
Напаѓачот на „триколорите“ стана само вториот тинејџер после Пеле кој на таа возраст постигна два гола на еден натпревар на Светско превенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека медиумите го прогласуваат за „новиот Пеле“, легендарниот Бразилец јавно испрати честитки за Килијан.
„Честитки, Килиан. Толку млад постигна два гола на еден натпревар на Светско првенство, и со тоа влезе во посебно друштво. Ти посакувам среќа во понатамошните натпревари, со исклучок на тој против Бразил“, истакна еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Пеле постигна два гола на еден мундијалски натпревар во далечната 1958 година и тоа во финалето против Шведска на само 18 години.
Congratulations, @KMbappe. 2 goals in a World Cup so young puts you in great company! Good luck for your other games. Except against??! ?/ Parabéns, Kylian. Marcar 2 gols em uma partida da Copa te coloca em boa companhia! Boa sorte no resto da competição. Exceto contra o ??! https://t.co/DW0XcJF49m
— Pelé (@Pele) June 30, 2018