Дома Фудбал Останато Пеле два месеци по излегувањето од болница: Ниту маската за лице не може да ја сокрие мојата среќа!

Пеле два месеци по излегувањето од болница: Ниту маската за лице не може да ја сокрие мојата среќа!

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле (81) два месеци откако ја напушти болницата каде што му беше отстранет туморот на дебелото црево, објави дека секој ден се чувстувва се подобро.

„Пријатели ви порачувам дека сум добро и секој ден се чувствувам се подобро. Мислам дека ниту заштитната маска за лице не може да ја сокрие мојата насмевка. Ви благодарам на сите за позитивната енергија“, објави Пеле.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во пораката нема индикации како напредува неговата хемотерапија. Во последните 10 години Пеле се соочуваше со многу здравствени проблеми, посебно со колкот, додека туморот на дебелото црево му беше откриен после еден рутински лекарски преглед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шокантен пресврт во Лондон на повидок: Челси презема тренер на голем ривал?!

Откако првиот ден од 2026 година Челси го отпушти Енцо Мареска, сè уште се во потрага по н…