Дома Фудбал Останато Пеле го посочи Мбапе за свој наследник

Пеле го посочи Мбапе за свој наследник

Кралот на фудбалот, Пеле повторно ја пофали ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе.

Легендарниот Бразилец упати големи комплименти кон младиот Французин и го посочи за свој наследник.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мбапе може да стане мој наследник, не се шегувам. Неговата способност да игра на високо ниво уште како многу млад ме потсетува  на мене. Тој е напаѓач кој мисли брзо. Кога ќе ја добие топката веќе знае што да направи и го избира најдоброто решение. Тоа се најважните нешта во современиот фудбал“, изјави Пеле.

Уште пред две години Пеле упати пофални зборови за Мбапе и истакна дека е само прашање на време кога ќе ја освои првата „Златна топка“.

Оваа сезона Мбапе има постигнато 18 гола на 23 меча во Лига 1, а во ЛШ до сега постигна 5 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што се случува со англиската ѕвезда пред СП? Руни: Чудно и тажно

ЛЕГЕНДАТА на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изрази жалење за ситуацијата на Фил Фоден од М…