Дома Македонски спорт Мак ракомет Пеколен старт за Дејвис: Од денес во наредните 20 дена Вардар ќе одигра девет натпревари!

Пеколен старт за Дејвис: Од денес во наредните 20 дена Вардар ќе одигра девет натпревари!

Заврши европското првенство во ракомет па сега фокусот повторно ќе биде на клупските случувања. Вардар денес го започнува вториот дел од сезоната, противни ке Нексе во СЕХА лигата.

Натпреварот стартува од 18:00 часот, а од денес па во наредните 20-тина дена црвено-црните ќе играат натпревари на секои два-три дена. До 23. февруари вардарци ќе одиграат девет натпревари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ова е пеколен старт за новиот тренер Дејвис кој ќе нема многу време да работи со играчите на тренинзите, а денови за одмор ракометарите скори и да немаат.

РАСПОРЕДОТ НА ВАРДАР ДО 23 ФЕВРУАРИ

4 февруари: Вардар – Нексе

6 февруари: Вардар – Пролет

8 февруари: Војводина – Вардар

9/10 февруари: Прилеп – Вардар

12/13 февруари: Вардар – Е. Пелистер 2

16 февруари: Монпелје – Вардар

18 февруари: Нексе – Вардар

20 февруари: Тиквеш – Вардар

23 февруари: ППД Загреб – Вардар

Треба да се додаде дека обврските на Вардар нема да завршат со 23. Февруари на 27. ќе играат со Струга, а не се знае и што ќе биде со Металург и одложениот натпревар. Во овој момент тој дуел е како одложен.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…