Вардар очекувано денес запиша победа против тимот на Пекинг Универзитет.
За црвено-црните ова беше четврта пибеда во регионалното натпреварување. Вардар беше фавроит и покрај тоа што во тимот немаше неколку првотимци како Атман, Горпишин, Скубе, Стоилов и Толедо.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Во отсуство на тие играчи кај Вардар најефикасни во победата од 26:38 беа Ален Косевски и Домен Сикошек кои постигнаа по седум гола, еден помалку постигна Димитар Димитриоски.
Со овој триумф Вардар се изедначи на врвот со Мотор Запорожје, тим против кој го претрпе единствениот пораз во СЕХА оваа сезона.