Дали сакаше само да се ослободи од навивачите или го понесе атмосферата не може да се каже, но ако Фабио Партичи бил искрен Јувентус е спремен да прирерди нова сензација на трансфер пазарот.
Во Јувентус владее голема еуфорија откако клубот го сврти резултатот во своја корист против Атлетико Мадрид и се пласираше помеѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се чека ждребот кој е закажан за утре, а во Јувентус сигурно сакаат да ги избегнат првите конкуренти за трофејот во најелитното европско натпреварување и идеален противник веројатно би бил Порто.
Сеедно после натпреварот против Атлетико овој Јувентус покажа дека со Роналдо може да игра против било кого. Акциите на клубот после победата се зголемија, сите го слават Роналдо кој беше еуфорично пречекан во ресторан во Торино (тука) но нешто слично се случи и со директорот Партичи после натпреварот.
Него навивачите го „уловиле“ и го опкружиле. Во тој момент му поставиле и желба, не е тајна дека тој е сон на Јувентус, но во овој момент изгледа како невозможна мисија.
Сепак, Партичи им ветил дека ќе направи се што е во негова моќ за да го доведе Килијан Мбапе. Освен тоа тој додал дека се спремни спонзори кои ќе вложат огромна сума за доведување на Французинот. Наводно директорот на Јувентус на навивачите им кажал и дека тоа е тешка мисија, но дека не е невозможно. Ги потсетил дека истото се зборувало и за Роналдо.
Според информациите од Јувентус разговарале со родителите на Мбапе на кои им е претставен целиот план. Родителите на Мбапе сакаат тој да игра во некој мирен град и во целост да се посвети на фудбалот, а Јувентус за такво нешто изгледа како идеална дестинација.
Меѓутоа никој не верува дека ПСЖ ќе се откаже од Мбапе, освен во случај да мораат поради ФФП.