Kлубот и градоначалникот на спротивни страни…
Додека Борусија Дортмунд во текот на летото се обидуваше да го задржи Осман Дембеле многумина во Франција нетрпеливо чекаа „милионерите“ да ја прифатат понудата од Каталонија. Познато е дека освен Борусија, пари од трансферот на Дембеле требаше да добие и неговиот поранешен клуб Рен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија инкасираше 105 милиони евра, плус дополнителните 40 милиони кои Германците би ги добиле преку евентуалните бонуси. Но, како што споменавме целата сума нема да ја добие Борусија. Според договорот помеѓу Рен и Борусија, Французите успеаа да договорот процент од идниот трансфер на Дембеле, па сега нив им следуваат околу 20 милиони евра.
Но, Рен не беше единствениот француски клуб кој ги чекаше парите од Дембеле. Веројатно уште по нетрпеливи беа во малиот француски клуб Евро. Станува збор за актуелниот клуб од петата француска лига од каде што Дембеле во 2010 година пристигна во Рен. Со оглед на тоа дека Дембеле промени држава при трансферот во Барса и малиот Евро треба да добие процент од овој трансфер, се работи за сума од околу еден милион евра.
Поради споменатата сума се отвори фронт помеѓу претседателот на клубот Фили Монгреви и градоначалникот Гиј Лефан. Клубот годишнот има буџет околу 60.000 евра, па не е потребно да се трошат зборови колку би им значел тој еден милион. Најголем финансиер на овој клуб е градот Евро кој сега гледа шанса да ја наполни касата.
Градоначалникот порача дека буџетот на градот оваа година е во загуба од два милиони евра и дека сите жители треба да дадат свој доприност за кризата да биде надмината, па според него така и локалниот клуб би требало да помогне на локалната самоуправа која до сега беше негов најголем финансиер.