Дома Фудбал Италија Парите не се единствена причина: Познато зошто Алегри остана тренер на Јувентус

Парите не се единствена причина: Познато зошто Алегри остана тренер на Јувентус

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели вчера изјави дека Масимилијано Алегри нема да добие отказ од клупата на овој тим и покрај очајниот старт на сезоната.

Старата дама доживеа неочекуван пораз во Хаифа од Макаби (2:0) во мечот од Лигата на шампионите, што многу ја отежна ситуацијата на Јувентус, на кој ќе му треба чудо за на крајот да се пласира во нокаут фазата од ова натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што стојат работите, Јуве на крајот ќе се бори со Макаби за третото место во групата, што беше незамисливо на почетокот на оваа сезона.

Сепак, синоќешниот пораз од Макаби дополнително покажа дека Јувентус е во голема резултатска криза бидејќи не им оди ништо подобро ниту во домашниот шампионат, каде „старата дама“ веќе речиси се збогуваше од борбата за титулата.

Навивачите на Јувентус го сметаат Алегри за главен виновник и бараат смена на тренерот, но челниците на клубот повторно му дадоа поддршка и порачаа дека Алегри ќе остане на клупата.

Веќе е познато дека отказот не е опција поради финансиската состојба на Јувентус и фактот дека Алегри има договор до летото 2025 година и дека заработува околу седум милиони евра годишно, па Јуве не е во состојба да плати него компензација.

Сепак, „La Gazzetta dello Sport“ денеска објави дека парите не е единствената причина зошто Ањели и раководството не сакаат да го отпуштат Алегри.

Една од причините е фактот што моментално на пазарот нема слободни тренери кои би ги исполниле критериумите на Јувентус. Тука се Зинедин Зидан и Томас Тухел, но изгледа тие не се заинтересирани да дојдат во Торино во овој момент.

Целта на клубот е да го задржи Алегри до крајот на сезоната и потоа да му се заблагодари за соработката, да најде адекватна замена за него и да му даде доволно време на новиот тренер да го запознае тимот и да ги направи промените кои очигледно се многу неопходни.

Во случај резултатската криза да биде уште полоша, тогаш нема да имаат друг избор освен да го отпуштат Алегри. Тогаш привремено решение на клупата би бил Клаудио Раниери или Пауло Соуса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…