Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев даде интервју за српскиот „Спортски журнал“ во кое покрај актуелностите во Црвена Звезда и промената на клупата зборуваше и за Вардар.
Панчев порача дека Првата македонска фудбалска лига не е „тоа тоа“ без Вардар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Најдоброто македонско првенство не личи на себе без Вардар. Замислете ако во Србија се игра Суперлигата без Црвена Звезда или Партизан. Клубот мина низ турбулентен период, му посакувам се најдобро, многу среќа и да опстане во елитата. Веројатно оние кои го водат Вардар знаат што прават и се надевам дека се ќе биде добро на крајот“.
Како еден од проблемите во македонскиот фудбал, Панчев ја гледа инфраструктурата за која смета дека е на исклучително ниско ниво.
„Таа е на многу ниско ниво. Бев трипати дел од Вардар во период од по десет години, 1997, 2007 и 2017 година и квалитетот е многу послаб како што времето одминува. Треба да се направат подобри тренери, што би донело олеснителна работа со младите таленти и ќе биде од плус за нивниот развој“, смета Панчев.
Исто така тој зборуваше и за идејата за формирање на Регионална лига и верува дека такво нешто би било добро.
„Јас сум за таа идеја. Еден сум од првите кои ја почнаа таа кампања по медиумите. Ако ја ставиме на страна политиката и се што се случуваше во минатото, создавањето на такво натпреварување ќе помогне за квалитетот, играчите ќе имаат силна конкуренција, клубовите повеќе ќе заработуваат. Таква лига може да донесе само добро. Ако еден ден дојдеме во ситуација сериозно да се разговара на таа тема, тогаш треба да се конатктира УЕФА и да се бара шест до седум места во Европа“, истакнува македонската фудбалска легенда.
Комплетното интервју можете да го прочитате – ТУКА.