Како што е познато литванскиот Тракаи правеше проблеми при трансферот на Максим Максимов во Вардар, па токму поради тоа црвено-црните не успеаа да го регистрираат огромното засилување за настап во Лигата на Европа, по повод ваквата ситуација со изјава во медиумите излезе Дарко Панчев.
Македонската фудбалска легенда и сегашен спортски директор на Вардар, не гледа на ова како голема трагедија, тој истакна дека Максимов е тука да го носи црвено-црниот дрес четири години, покрај тоа откри дека клубот очекува дозвола од УЕФА за настап на Максимов во домашното првенство и купот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Максимов не пристигна во Вардар за шест натпревари во Европа или три месеци, тој е тука да ги брани нашите бои четири години. Во овој момент очекуваме УЕФА да дозволи настап на Максимов во купот и домашнаото првенство“, изјави Панчев.
Вардар при доведувањето на Максимов ја плати откупната клазула на фудбалерот која изнесуваше 50.000 евра, па така Литванците ништо не се прашуваа.