Денес 13. мај, изминуваат 30 години од големиот инцидент на „Максимир“ кој го најави распадот на поранешната Југославија.
Динамо Загреб требаше да ја пречка Црвена Звезда, меѓутоа тој натпревар никогаш не се одигра. Сликите од дивеењето и насилството брзо го обиколија светот. Се започна на улиците на хрватската престолнина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Свое видување на настаните даде и легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев, тогаш напаѓач на Црвена Звезда.
„Не можам да тврдам, но подоцна се зборуваше дека тие нереди биле „пробен балон“ за распадот на државата кој потоа следуваше. Наводно нередите на „Максимир“ биле организирани со цел да се сменат полициски командири и началници кои не беа Хрвати“, вели Дарко Панчев за српски „Мондо“.
„Сите заедно заминавме во соблекувалните и чекавме упатства, бидејќи не знаевме што се случува. Нивните играчи беа коректни кон нас, а со некои од нив подоцна разговарав во репрезентацијата и имавме исто размислување дека тоа што се случи не беше убаво и дека лесно можеше да стане многу полошо. Звонимир Бобан беше млад и понесен во таа ситуација и реагираше некоректно за еден спортист, но јас знам дека тој е одличен и паметен човек и затоа мислам дека го понесе еуфоријата. Секој може да погреши“, заклучи Панчев.