Капитенот на репрезентацијата на Македонија Горан Пандев вчера стигна до бројката од 100 гола во италијанската Серија А.
Пандев така стана првиот македонскиот фудбалер кој постигнал 100 гола во некоја од најсилните пет лиги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум оваа „стотка. Не очекував дека ќе дадам толку голови затоа што јас не сум прв напаѓач, но ете среќен сум што до рекордот стигнав во најстариот клуб од Италија“:
За натпреварот.
„Мислев ќе победиме, имавме свои прилики. Но, Беневенто си одигра добро во одбраната. Треба да победуваме, се уште не сме сигурни во опстанокот. Сега да ги наполниме батеритте затоа што во сабота не чека нова борба“, изјави Пандев.
Уште еднаш посочи дека не знае дали ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона.
„Се уште не знам. Во моментов размислувам само да избориме опстанок, потоа ќе седнеме и ќе разговараме со луѓето во клубот. Мојот план е да завршам после Европското првенство, но физички сум добар, па ќе видиме“, потенцираше Пандев.