Вчера македонскиот капитен Горан Пандев постигна гол и ја најави победата на Џенова против Милан на „Сан Сиро“.
Џенова го победи Милан со 2:1, а Пандев го постигна првиот гол. Поради епидемијата овој натпревар како и сите други во Серија А до 3. април се играше без публика. Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора испрати критики за Пандев затоа што ги гушкал соиграчите по погодокот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ГОЛОТ НА ГРАНДЕ ПАНДЕВ
— Footbla (@FootblaDigital) March 8, 2020
GORAN PANDEV ????????? pic.twitter.com/OTO1Ivs2lR
Спадафора кој бараше првенството да се прекине се налути затоа што соиграчите на Џенова се гушкале, тој смета дека во ваков момент се поставува лош пример.
„Фудбалот во оваа ситуација и понатаму е лош пример. Денешниот (вчерашниот) излив на емоции на Пандев и прегрнувањето на неговите соиграчи е најдобриот доказ“, изјави Спададора за „Раи“.
Во Италија освен што натпреварите се играат пред празни трибини фудбалерите имаат забрана и за вообичаеното ракување пред натпреварите.