Управата на Интер одлучи, клазулата за фудбалерот на Ница, Далберт, ќе биде платена.
Преговорите трае веќе неколку недели, Интер нудеше бонуси, дури и некои играчи, но Ница не попушташе. Сепак, на крајот Далберт кој беше мета и на Барселона ќе заврши во Интер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, се чека реваншот помеѓу Ница и Ајакс во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, после што овој трансфер би требало да биде и официјализиран.
Спалети инсиситираше да му биде доведен левиот бек, клазулата изнесуваше 30 милиони. Далберт покрај Барселона се поврзуваше и со Ливерпул, Бразилецот во Милано пристигнува како четврто засилување, претходно пристигнаа Шкринар, Борха Валеро и Весино.
Далберт има 23 години во Европа пристигна преку пониските португалски лиги, а во Франција пристигна од Виторија Гимараеш.