Македонската хокеарска репрезентација вчера како и што играше во текот на целиот турнир, така и го одигра финалниот натпревар Португалија.
Нашите хокеари одлично не претставија на „Развојниот турнир“ во Фусен, Германија и во финалето ја совладаа Португалија со високи 9:3.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
На овој турнир кој важи за неофицијално Светско првенство за држави без затворени хокеј арени Македонија забележа пет победи во пет натпревари.
Во групната фаза славевме против Ирска, Португалија и Андрора, за во полуфиналето повторно да ја победиме Андора и вчера по втор пат да славиме против Португалија.