Tимот на Вардар стигна до уште една голема победа во Лигата на шампионите!
Црвно-црните не можеа ниту да замислат подобар старт во Европа и се добива впечаток дека овој тим воопшто не е послаб од оној на Раул Гонзалез. Вардар денес славеше победа со 27:25.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар од самиот старт наметна одлична идгра имаше предност и од 11:6 и 12:7, а на полувреме замина со предност од два гола 13:11.
Во вториот дел од натпреварот Веспрем успеа да го сврти натпреварот, на два пати стигнуваа до предност од два гола. Сепак, Вардар се разбуди во финишот, повторно момците на Парондо заиграа најдобро што знаат и славеа победа со 27:25.
Најефкасен кај Вардар беше Дибиров со шест голови, Борозан псотигна пет, додека Чупиќ и Криштпанс погодуваа по четири. Кај Унгарците најмногу погодоци постигна Гајиќ (пет), додека Дејан Манасков три пати ја погодуваше мрежата на Вардар од исто толку обиди.
Милосављев запиша 12 одбрани, додека поранешниот Вардар, Арпад Штербик на спротивната страна имаше осум интервенции.