Дома Трансфер зона Падна договор: 11-то засилување за Рома, пристигнува Бразилец од 35 милиони евра!

Падна договор: 11-то засилување за Рома, пристигнува Бразилец од 35 милиони евра!

Медицинските прегледи се очекуваат да бидат завршени до понеделник!

Рома победи во трката за Малком!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот кој беше виден во Интер, па во Фулам и Евертон на крајот ќе го облече дресот на Рома! Рома започна да ги трошите парите од Алисон Бекер и го доведе 11-то засилување ова лето. Воедно го реши и проблематичното прашање на крилната позиција.

„Медијасет“ ги објави сите детали од трансферот. Бордо добива оштета од 35 милиони евра, плус 2.5 милони евра преку бонуси, додека Бразилецот во Рим ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона, најверојатно во наредните пет години.

Пресуден фактор во целата зделка била желбата на Малком да заигра за Рома. Да потсетиме, се беше спремно за овој фудбалер да премине во Евертон, но во моментот кога Рома се појави како потенцијален кандидат за негово доведување целата работа со англискиот клуб беше стопирана.

Малком би можел во Рим да пристигне и уште денес, а медицинските прегледи се очекува да бидат завршени најдоцна до понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…