Напаѓачот на Евертон, Моис Кин е пред враќање во Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“.
Минатото лето Кин за сума од 27 милиони финти го напушти Јувентус и се пресели во Евертон, но не се снајде во Премиер лигата и би можел да се врати во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус го доведе Мората како засилување во нападот, но Пирло бара алтернатива за Шпанецот и верува дека Кин е идеално решение.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба лесно нашле заеднички јазик за трансферот, со оглед на фактот дека Кин не е во плановите на Анчелоти.
Италијанецот ќе се пресели во Јувентус на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 25 милиони евра.
Juventus have reached an agreement with Everton for the transfer of Moise Kean on loan with obligation to buy for €25m. (Source: Corriere Torino) pic.twitter.com/lBkK07eMxH
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 2, 2020