Екипата на Милан никогаш во својата историја не потрошила повеќе пари на засилувања од ова лето.
До крајот на преодниот рок остана уште нешто повеќе од еден месец, а Милан веќе потроши 207 милиони евра за доведување на нови играчи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа е и нов клупски рекорд.
Овој податок го пренесува италијанскиот новинар Танкреди Палмери преку својот Твитер профил.
Во Милано во овие моменти владее вистинска еуфорија поради трансферот на Леонардо Бонучи, а пред еден од најдобрите дефанзивци во светот пристигнаа: Андре Силва (Порто, 38 милиони евра), Андреа Конти (Аталанта, 25 милиони евра), Хакан Чалханоглу (Бер Леверкузен, 22 милиони евра), Матео Мусакио (Виљареал, 18 милиони евра), Рикардо Родригез (Волфсбург 18 милиони евра), Франк Кеси (Аталанта, позајмица од осум милиони евра), Антонио Донарума (Астерас Триполи (1.5 милиони евра), Фабио Борини (Сандерленд, позајмица со право на откуп).
Milan 2017 transfers campaign is now officially the most expensive ever in the history of Italian football: 207 millions of € – and counting
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 14, 2017