Дома Фудбал Италија Официјално: „Џокерот“ на Пиоли стави потпис на нов договор

Официјално: „Џокерот“ на Пиоли стави потпис на нов договор

Италијанскиот шампион Милан денес соопшти дека Раде Круниќ ставил потпис на нов договор.

Босанскиот репрезентативец со новиот потпис се обврза на верност со „росонерите“ до 2025 година и доби зголемување на платата.

Круниќ е „џокер“ на тренерот Пиоли, кој го користи на неколку различни позиции.

Круниќ минатата сезона одигра важна улога во освојување на Скудетото, па клубиот реши да му понуди нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голмански трансфер ја потресе Англија

Емилијано Мартинез е новиот голман на Челси, објави лондонскиот клуб на своите официјални …