Се споменуваа големи имиња Конте, Зидан, Емери…На крајот никој од нив – Еди Хоу е новиот тренер на Њукасл!
Ангажманот на Хоу Њукасл го потврди на социјалните мрежи. Неговото деби ќе се случи по репрезентативната пауза, па така ќе има краток период да се запознае со клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еди Хоу успешно го водеше Бурнемоут, а во Њукасл доаѓа без клуб. Бурнемоут го водеше цели осум сезони од 2012 до 2020 година и во Премиер лигата имаше неколу успешни сезони.
Во Англија важи за еден од најдобрите млади тренери, а првата задача ќе му биде да избори опстанок со Њукасл бидејќи тимот е претпоследен без ниту една победа. Во јануари ќе треба да пронајде и вистински засилувања за да започне големиот проект на шеиците.
„Ова е прекрасен момент, пред нас има многу работа и со нетрпение чекам да ги запознаам играчите. Сакам да им се заблагодарам на сопственциите за дадената прилика, како и на фановите за пречекот кој ми го приредија. Возбуден сум што го започнуваме нашето заедничко патување“, изјави Хоу.
🤝 𝗛𝗢𝗪𝗘-𝗔𝗬 𝗧𝗛𝗘 𝗟𝗔𝗗𝗦 🤝
— Newcastle United FC (@NUFC) November 8, 2021
We are delighted to confirm the appointment of Eddie Howe as the club’s new head coach.
Welcome to Newcastle United, Eddie! ⚫️⚪️