Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да настапи на послениот Гренд слем од сезоната, УС Опен, откако Американците не ги сменија правилата за влез во државата за невакцинирани странци.




„За жал, нема да се натпреварувам оваа година во Њујорк. На сите играчи им посакувам добар турнир. Благодарност до моите обожаватели за сета љубов, поддршка и охрабрување. Продолжувам да ја одржувам формата и оптимизмот и се радувам на новите натпреварувања. Се гледаме наскоро!“, соопшти Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ, кој три пати ги освојуваѓе УС Опен, бидејќи лани стигна до финалето, ќе загуби 1.200 АТП поени за пропуштето на турнирот и потенцијално ќе испадне од Топ 10.
И од турнирот потврдија дека Ѓоковиќ нема да учествува и Србинот го нема во денешниот ждреб.