Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: Финалето од ЛШ ќе се игра во Порто пред навивачи

Официјално: Финалето од ЛШ ќе се игра во Порто пред навивачи

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес и официјално потврди дека финалето во Лигата на шампиони ќе се игра во Порто на стадионот „Драгао“.

Финалето требаше да се игра на 29-ти мај во Истанбул, а УЕФА објасни дека се преместува во Порто поради потешкотиите англиските фанови да патуваат во Турција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се шпекулираше дека мечот може да се игра на „Вембли“ затоа што во прашање се две англиски екипи, меѓутоа британската Влада не можеше да даде гаранции за присуство на фанови.

Во Порто ќе има по 6.000 фанови на Манчестер Сити и Челзи, двата англиски клуба кои ќе се борат за трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Доколку не издржи Аморим: Јунајтед подготви сензација и тоа од клупата на ривалот?!

Рубен Амoрим сè уште ја има довербата од управата на Манчестер Јунајтед, но далеку е тоа о…