Колумбискиот репрезентативец Хуан Квадрадо денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со Јувентус до 2022 година.
Договорот на Квадрадо истекуваше на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека е важен играч кај Маурицио Сари, „старата дама“ му понуди продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Квадрадо пристигна во Јувентус во 2015 година од Челзи и беше многу важен играч во тимот на Алегри, а исто така и кај Сари бидејќи е поливалентен и може да игра на повеќе позиции.
Оваа сезона, 31-годишниот играч има одиграно 14 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и запиша две асистенции.
✍️ OFFICIAL ⎮@Cuadrado has penned in a contract extension with Juventus until 2022! ⚪️⚫️
— JuventusFC (@juventusfcen) November 21, 2019
➡️ https://t.co/fml649d2Bd#Panita2022 pic.twitter.com/GR5e6j3uq2