Дома Трансфер зона Официјално: Скапото промашување го напушти Милан

Официјално: Скапото промашување го напушти Милан

Чарлс де Кетеларе минатото лето пристигна во Милан како големо засилување за 35 милиони евра, но го напушти клубот после само една сезона.

Милан потврди дека Де Кеталаре се сели во Аталанта на едногодишна позајмица со право на откуп.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Белгиецот воопшто не се снајде на „Сан Сиро“ не се вклопи во системот на игра на Пиоли и не ги исполни очекувањата.

Сега на неговата позиција пристигнаа нови засилувања, па јасно беше дека неговата минутажа додатно ќе се намали и Милан сакаше да се ослободи.

Аталанта за позајмицата ќе плати 3 милиони евра, а следното лето ќе може да го откупи за додатни 23 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…