Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат промашувањето на Милан

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат промашувањето на Милан

Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентативец Чарлс де Кетеларе, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Кетеларе пристигна во Милан како големо засилување за 35 милиони евра, но  воопшто не се снајде на „Сан Сиро“ не се вклопи во системот на игра на Пиоли и не ги исполни очекувањата.

Милан го испрати на позајмица во Аталанта, каде Де Кетеларе оваа сезона пружа одлични партии.

Белгиецот покажа зошто важи за голем талент, па го привлече вниманието на англиските клубови.

Аталанта има опција да го откупи за 26 милиони евра, а споменатите клубови се спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…