Дома Фудбал Официјално: Севиља има нов тренер!

Официјално: Севиља има нов тренер!

Екипата на Севиља вечерва на својот официјален сајт го потврди доаѓањето на новиот тренер во клубот.

Севиља на својот сајт потврди дека нов тренер на екипата е – Пабло Макин!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот кој направи чудо во Гирона (ги спаси од испаѓање во Секунда, ги внесе во Примера и сезоната ја заврши на десетата позиција) стави потпис на договор на пет години.

Макин тренерската кариера ја започна на само 25 години, а познат е по тоа што ја форсира формацијата 3-5-2 со која во Гирона правеше чуда.

Медиумите во Шпанија оваа потврда од Севиља ја зимаат како најава за отварање на патот на Микел Артета кој сега наводно е главен кандидат за седнување на тренерското столче на Гирона.

Во прв план се истакнува тоа што Гирона има силни врски со Манчестер Сити каде што Артета му беше помошник на Гвардиола оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луди сцени во финалето на Африканскиот Куп на Нации: Резервниот голман на Сенегале се бореше со Мароканците за пешкир!

Финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал можеби не изобилуваше со спе…