Како и што вчера беше најавено, репрезентацијата на Египет многу брзо доби нов селектор.
Се шпекулираше за повеќе тренерски имиња, се споменуваше и легендарниот Тиери Анри, но Фудбалскиот сојуз на оваа земја се одлучи за проверено име откако Хектор Купер си поднесе оставка, довербата ја доби Мексиканецот Хавиер Агире.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Агире во текот на својата тренерска кариера на два пати беше селектор на репрезентацијата на Мексико која на светските првенство во 2002 и 2010 ја одведе до осминафиналето. Некое време помина и како селектор на Јапонија.
Кога е клупскиот фудбал во прашање беше тренер на Атланта, Пачука, Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспаљол и Ал-Вахд.
Со репрезентацијата на Египет потпише четиригодишен договор.