Дома Фудбал Италија Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Наполи

Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Наполи

Наполи ја заврши потрагата по нов тренер и официјално потврди дека на кормилото ќе седне Руди Гарсија.

Спалети оваа сезона го освои Скудетото и реши да го напушти кормилото на Наполи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Многу тренерски имиња се споменуваа како негови наследници, а денес на големо изненадување претседателот Де Лаурентис го објави името на новиот тренер.

Руди Гарсија до неодамна беше тренер на Ал Наср, каде доби отказ поради лошите резултати.

Претходно со успех ги водеше екипите на Лил и Рома, а сега се враќа во Серија А на кормилото на италијанскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Игор Тудор му се обрати на погрешниот човек, мислеше дека е Арне Слот!

Додека ги правеше последните подготовки со својот тим, Тудор, според снимка што кружи на и…