Дома Фудбал Останато Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Марсеј!

Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Марсеј!

Пред неколку дена Олимпик Марсеј доби нови сопственици, а денес пристигна нов тренер на „Велодром“ и тоа поранешниот стратег на Рома, Руди Гарсија.

52-годишниот стратег сеуште беше под договор со римската „волчица“, но денес и официјално го раскина договорот и потпиша двегодишен договор со Олимпик Марсеј.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Гарсија ќе има за задача да го врати сјајот на францускиот гигант, а ќе дебитираа овој викенд и тоа против шампионот Пари Сент Жермен.

Руди Гарсија најголемиот успех во кариерата го направи со екипата на Лил кога ја освои титулата во Франција во сезоната 2010/11.

Новите сопственици гарантираат големи вложувања и звучни засилувања, па ангажманот на Гарсија само ги потврдува нивните амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…