Дома Фудбал Италија Официјално: Рома е на продажба

Официјално: Рома е на продажба

Италијанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Рома, Џејмс Палота им дал согласнот на своите адвокати да разгледуваат понуди за продажба на клубот.

Американскиот бизнисмен го купи клубот во 2011 година и од тогаш вредноста на Рома расте од година во година, па Палота смета дека сега е вистинско време за продажба.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Палота е спремен да го продаде клубот доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи финансиските апетити. Клубот веќе има проект за изградба на нов стадион, како и спортски комплекс, кој додатно ќе ја зголеми вредноста.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најсериозен интерес покажува американскиот милионер Ден Фридкин, кој веќе пратил свои емисари да прават проценка на вредноста на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родриго решил да го напушти Реал Мадрид, Арсенал фаворит за Бразилецот

Родриго одлучи да го напушти Реал Мадрид по крајот на Светското клупско првенство, известу…