Одамна беше најавувано, а сега трансферот доби и официјализација – Лукас Пакета и официјално е играч на Милан.
Пакета пристигна од Фламенго за 35 милиони евра, а денес потпиша 5-годишен договор со „росонерите“ и на „Сан Сиро“ ќе остане до 2023 година, а годишно ќе заработува 1,7 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот офанзивен фудбалер важи за еден од најголемите бразилски таленти и се поврзуваше со трансфер во многу европски гигнати, но на крајот Милан ја победи конкуренцијата.
Се очекува Бразилецот официјалното деби за Милан да го има на 13-ти јануари против Сампдорија во натпревар од италијанскиот Куп.
https://youtu.be/V_6-WjMH5N0