Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Откажан дуелот со Израел поради случаи на Ковид кај противникот

Официјално: Откажан дуелот со Израел поради случаи на Ковид кај противникот

Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Израел кој требаше да се игра денеска е откажан поради позитивни случаи на ковид-19 во редовите на противникот.

Денешниот натпревар требаше да биде последна контрола пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако вчера го совладавме Израел со 32:28.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Поради тројца позитивни ракометари во репрезентацијата на Израел натпреварот официјално беше откажан.

Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје до 10 јануари, а веќе на 11-ти заминуваат за Дебрецин, Унгарија. Првиот натпревар го играме против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна ќе ги одмериме силите со Црна Гора, додека во последниот натпревар од Групата А ќе играме со фаворитот Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…