Тоа што се најавуваше минатите денови сега доби официјална потврда, Жељко Обрадовиќ се врати на клупата на Партизан.
Обрадовиќ после скоро 30 години се враќа во Партизан кој го водеше во периодот од 1991 до 1993 година, а српските медиуми откриваат дека потпишал договор на три години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќни сме и задоволни бидејќи Жељко Обрадовиќ се врати. Мислам дека секој збор е излишен, а во истовреме и недоволно силен да опише што значи за Партизан неговото враќање. Пред нас е голема работа“, изјави претседателот на Партизан Остоја Мијаиловиќ.
Обрадовиќ во кариера ги предводеше уште екипите на Хувентуд, Реал Мадрид, Тревизо, Панатинаикос и Фенербахче и има освоено 63 трофеи.